Балкан
Турција остана без селектор по дебаклот против Холандија

Репрезентацијата на Турција претрпе тежок пораз од Холандија од 6-1 во мечот од квалификациите за Светското првенство, меч кој му пресуди на досегашниот селектор Шенол Ѓунеш.
Имено турската фудбалска федерација одлучи да се раздели со Ѓунеш по овој пораз кој беше кулминација на незадоволството во изминатиот период. Имено Турција имаше многу лош настап на Европското првенство, шампионат на кој многумина очекуваа да биде и изненадување.
Лошите партии продолжија овој месец каде на домашен терен беше испуштена победа против Црна Гора (2-2) за да потоа со доста мака биде добиен Гибралтар.
Потопот дојде во Амстердам каде избраниците на Ѓунеш беа надиграни, посрамотени, па сето ова придонесе федерацијата да реши и стави крај на соработката со 69-годишниот стручњак.
Ова за Шенол беше втор мандат како селектор, во првиот од 2000 до 2004 година го донесе најголемиот успех на репрезентацијата, трето место на СП во 2002 година.
-
Англијапред 12 часа
Сити беше на колена, па за пет минути направи чудесен пресврт и ја одбрани титулата во ПЛ (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 22 часа
Играч на Реал го „поздрави“ Мбапе: Да се биде дел од Мадрид е привилегија која не може секој да ја има!
-
Македонијапред 21 час
Давидовски ќе стартува прв во Франција: Имам доверба во тимот!
-
Македонијапред 9 часа
Давидовски по триумфот во ТЦР Европа: Знаев дека победата е на дофат!
-
Италијапред 9 часа
Ибрахимовиќ во елемент: Излезе да слави титула со пура и шампањ (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 19 часа
Последната објава на Бензема предизвика лавина од реакции: Карим изневерен од Мбапе (Видео)
-
Светпред 18 часа
Класа потег: Иџе и Вуков први му честитаа на Давидовски за историскиот успех (Фото)
-
Францијапред 17 часа
Лизаразу во неверица: Мбапе фрли на колена една земја и најголемиот клуб во светот!