Лига на нации
Турција направи сериозен исчекор кон Лигата А, Грузија ја преслуша Ерменија (Видео)

Турција направи исчекор кон А сегментот во Лигата на нации, откако денеска на домашен терен успеа да се стекне со предност во пресметката со Унгарија.
Како второпласирана селекција од својата група од Лигата Б, Турција за свој ривал во баражот ја доби Унгарија, а избраниците на Монтела со својата игра и залагање покажаа дека сакаат промоција во најсилното друштво во Лигата на нации.
Кокчу го отвори резултатот уште на самиот старт, Шафер ја врати резултатската неизвесност, но последните 20 минути целосно им припаднаа на домаќините.
Актуркоглу погоди за 2:1 во 69-та минута, додека Кавечи ги постави конечните 3:1 само четири минути подоцна.
За Турција ова е убава предност пред реваншот кој ќе се игра во Унгарија, но во истиот термин, уште поубедлива беше Грузија која сега е на чекор од останување во Б дивизијата.
Грузијците ја победи Ерменија со 0:3 на гостински терен, па сега се очекува да имаат рамо рутинска задача во Тбилиси.
Головите од Истанбул погледнете ги ТУКА
Головите од Ереван погледнете ги ТУКА
-
Англија15 часа
Тренерот на Кристал Палас откри дека посебно таргетирале еден играч на Арсенал
-
Македонија4 часа
Украинецот во елемент во клучен момент: Мајсторијата на Горига за победа на Вардар во Битола (ВИДЕО)
-
Шпанија17 часа
Анчелоти беснееше по играч на Реал, па веднаш го извади од игра: Ова не е театар! (Видео)
-
Шпанија10 часа
Тежок удар пред „Ел Класико“: Реал соопшти најлоша вест за Камавинга (Фото)
-
Италија16 часа
Инѕаги: Мора да му честитаме на Милан за тоа што ни го направи оваа сезона
-
Германија14 часа
Баерн се откажува од талентираниот Шпанец за кој се крена голема врева пред 18 месеци
-
Италија12 часа
Инѕаги беснееше по четвртиот судија и му забрани да покаже петминутно продолжение (Видео)
-
Македонија4 часа
Одличниот Вардар го урна Пелистер во Битола и сега е во пол-позиција за титулата