Поврзете се со нас

Европски првенства

Турција храбро се бореше, ама Холандија го грабна последниот полуфинален билет на ЕП (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:x.com/CBSSportsGolazo

Холандија е последниот патник во полуфиналето на Европското првенство каде на 10. јули ќе ги одмери силите со селекцијата на Англија.

Холанѓаните во еден возбудлив, динамичен меч славеа над Турција со 2-1 со пресврт во второто полувреме. Избраниците на Монтела го отворија резултатот во 35 минута преку погодокот на дефанзивецот Акајдин на асистенција на талентираниот Ѓулер.

Токму Арда погоди статива од слободен удар во вториот дел за да потоа дојдат минутите за „лалиањата“. Од 70 до 76 Холанѓаните успеаа двапати да го матираат Гунок, прво тоа му успеа на стоперот Де Фрај, а потоа и на Мулдур кој си постигна автогол.

Турците не се откажаа и во финишот притискаа, се обидуваа на секој начин да дадат втор гол и го однесат натпреварот во дополнителни 30 минута, меѓутоа не ја остварија таа цел.

Полуфинални парови:

Шпанија-Франција (9 јули)

Холандија-Англија (10 јули)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни