Поврзете се со нас

НБА

Турчинот Шенгун заработи хорор повреда, па беше изнесен со инвалидска количка (Видео)

Објавено

на

Алперај Шенгун доби посебни пофалби од Шекил О’Нил за своите изданија во дресот на Хјустон и легендарниот центар посака да го види Турчинот во далеку подобар тим, но за жал, членот на Рокетси во блиска иднина ќе мора да размислува само на својата рехабилитација.

Шенгун рано утрово заработи хорор повреда на мечот со Сакраменто, па победата на неговиот тим се најде во втор план и кај верните фанови на Хјустон.

Навивачите стравуваат од исклучително тешка повреда поради ужасното приземјување кое го имаше Шенгун, при кое покрај тоа што го извитка скочниот зглоб, си нанесе штета и на коленото.

Турчинот се превиткуваше од болка и мораше да биде смирен од колегите, а ситуацијата беше уште подраматична ако се знае дека од теренот беше изнесен во инвалидска количка.

Првичните проценки се дека Шенгун ќе мора да паузира со месеци, но сепак конечниот збор ќе го има лекарскиот тим на Хјустон кој сигурно ќе излезе со соопштение во наредните неколку дена.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни