Поврзете се со нас

НБА

Турчинот Шенгун го избегна најлошото сценарио

Објавено

на

Foto:twitter.com/HoustonRockets

Алперен Шенгун ги преплаши НБА фановите со своите крици и ужасната положба која ја имаше при приземјувањето на натпреварот против Сакраменто, а уште повеќе откако беше изнесен од теренот со инвалидска количка.

Турчинот е најдобар играч на Хјустон оваа сезона и во последно време доби посебни пофалби од Шекил О’Нил, па дефинитивно ќе беше голем удар за него ако заработеше тешка повреда.

Првичните прогнози беа дека Шенгун ќе паузира со месеци, но лекарските прегледи донеле далеку пооптимистички прогнози, според кои Алперен ќе може да се врати за неколку меча.

Деталните испитувања покажале дека Шенгун има само извиткување на зглобот без посериозни последици, додека не е утврдена ниту тешка повреда на коленото.

Оваа вест ја пренесе добро информираниот новинар, Адријан Војнаровски, а истата посебно ги израдува фановите на Рокетс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни