Поврзете се со нас

Свет

Турам за играчот од кој се уште има кошмари: Имам негова фотографија во мојата соба!

Објавено

на

Лилијан Турам е пензиониран француски репрезентативец кој во своите најдобри денови важеше за еден од најценетите дефанзивци во светот, а како човек кој посебно се истакна во Парма, неизбежно сценарио беше да заигра и за големи великани како Јувентус и Барселона.

Турам беше дел од златната генерација на Франција која во две години ги освои титулите на Светското и Европското првенство, а како важен дел од тој состав, корпулентниот дефанзивец се потсеќа и на еден противник од тој период кој посебно го памети.

Верувале или не, Турам без никакво размислување го посочи Педро Мунитис за најтежок противник во неговата кариера, крилниот фудбалер кој имаше и кратка етапа во шпанската репрезентација откако направи трансфер од Расинг Сантандер во Реал Мадрид.

– Јас немам некоја посебна мемориња за имиња, не зборам за Мунитис, зборувам општо. Не знам на кој стадион играм, ако ме прашате на кој стадион сум играл во полуфиналето, нема да знам. Но, на Мунитис се сеќавам многу добро, тоа е играчот кој ми нанесе најголеми поштекотии на еден дтерен. Тоа беше на Европското првенство во 2000-та година против Шпанија. Беше неверојатен, си велев, кој е овој играч.

– На полувремето, влегов во соблекувалната и мислев дека не можам да се носам со него. Мунитис ме научи да бидам понизен. Не знам зошто, но шпанскиот селектор го извади и почувствував олеснување. И ден денеска имам кошмари со Мунитис. Во мојата соба немам многу фотографии од фудбал, но онаа од Мунитис се уште ја имам, – потенцира Турам за „Либеро“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни