Поврзете се со нас

Свет

Турам со интересен избор: Ги посочи тројцата најдобри играчи во овој момент, но и најголемиот во неговата ера

Објавено

на

Професионалната кариера на Лилијан Турам траеше 17 години и во своите најдобри играчки денови важеше за најдоминантен и највешт дефанзивец во светот, а со оглед на тоа што остави навистина богато наследство во италијанскиот фудбал, легендарниот Французин секогаш е во тесна врска со Серија А.

Светскиот шампион со Франција од 1998-ма година во интервјуто за „Газета“ потенцира дека Серија А ова лето го загубила најдобриот играч во светот во овој момент, но во интересното набројување, посочи уште тројца фудбалери.

Турам нагласи дека Бразилецот Роналдо бил најдобар фудбалер од неговата ера која за многумина е златна во светскиот фудбал, но покрај Лукаку, од актуелните, издвои уште две ѕвезди, а тоа не се Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

– Најдобар игра во мојата ера беше Бразилецот Роналдо, во тоа немам никаков сомнеж. Во овој момент, Ромелу Лукаку е неверојатен и е најдобар во светот. После него се Килијан Мбапе и Маркињос, – потенцира Турам, кој издвои и неколку имиња од италијанскиот фудбал.

– Од италијанските играчи, ќе кажам дека многу ми се допаѓа Киеза од Јувентус, но и Моизе Кеан. Го сакам и Николо Барела и младиот играч на Рома, Николо Ѕаниоло кој е извонреден, – додава легендарниот дефанзивец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни