Германија
Турам сениор за иднината на неговиот син Маркус: Тој сонува да игра за нив!

Маркус Турам е еден од играчите кој е доста интересен за повеќе екипи, а причината за тоа е што можат да го добијат без никакво обештетување на крајот на оваа сезона.
Французинот од 2019 година е дел од Борусија Менхенгладбах, но како што стојат работите оваа соработка ќе потрае само уште неколку месеци до завршување на договорот на 30 јуни. Маркус беше порвзуван со преселба во Маннчестер Јунајтед, Интер…но според неговиот татко легендарниот Лилијан Турам тој сонува да го носи дресот на Барселона.
-Јас го сакам најдобро за него и неговите браќа, би било сон Маркус да игра за Барса. Ако ми го дадеш договорот, можам веднаш да го потпишам. Во секој случај, приоритет е да не го запре неговиот развој и да продолжува да се подобрува како фудбалер, -вели Лилијан на кого му се допаѓа како Барса се развива под водство на Чави Ернандес.
-Барселона полека повторно станува тим. Среќен сум за Барселона и Чави што се лидери во Ла Лига. Чави е многу млад, но ќе освои многу титули, -порача некогашната ѕвезда на Јувентус, Парма, Монако и Барселона.
Маркус има 25 години и во нападот може да одговори како лево крило или класичен шпиц играч.
-
Шпанијапред 21 час
Изненадувањето во стартната постава на Чави: Го чекаме Меси во Барса, не го заслужува третманот кој го добива во Париз
-
Италијапред 21 час
Страмачони го нападна Инѕаги: Нема потреба од барање алиби
-
Формула 1пред 23 часа
Драматично во Ред Бул: Тензичната конверзација меѓу Ферстапен и Перез по крајот на трката (Видео)
-
Англијапред 15 часа
Англија остана без најдобриот играч за дуелите со Италија и Украина
-
НБАпред 17 часа
Портер Џуниор заби преку Јокиќ, па откри што му порача на соиграчот (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 24 часа
Карвахал имаше жесток клинч со третиот голман на Барселона по последниот судиски свиреж (Видео)
-
Шпанијапред 5 часа
„Ел Класико“ пикантерии: Винисиус имал порака за Араухо по среќниот гол, Модриќ изустил два збора по поништениот гол од ВАР (Видео)
-
Светпред 15 часа
Направи големо изненадување, па доби „шут карта“: Клосе заработи отказ во првиот тренерски предизвик