Тур де Франс: Фрум ја зголеми предноста, Кител го заврши настапот

chris-froome1

Крис Фрум пристигна на целта како трет на денешната 17. етапа на Тур де Франс, но може да биде задоволен бидејќи ја зголеми предноста пред ривалите во генералниот пласман.

Алпската етапа му припадна на Словенецот Примож Роглич кој направи солидна предност пред останатите велосипедисти во финишот, а по оваа етапа Фрум сега има водство од 27 секунди пред Колумбиецот Уран и Французинот Барде кои се уште не се откажуваат од жолтата маичка.

Важна информација поврзана со денешната етапа е откажувањето на Германецот Марсел Кител. Носителот на зелената маичка имаше незгоден пад, по кој заработи повреда на рамото и мораше да се откаже од понатамошниот тек на трката.

Facebook Коментари