Поврзете се со нас

Англија

Тухел знае зошто Лукаку се мачи во последно време: Не знам дали треба да остане на клупа, или на теренот

Објавено

на

По ветувачкиот и возбудлив старт на авантурата во Челси, Ромелу Лукаку влезе во негативна серија и цели шест натпревари не знае за гол во дресот на Челси, што полека почна да го вклучува алармот во јавноста, особено во ситуација кога онаа на Островот е навистина нетрпелива со фудбалските ѕвезди.

Лукаку почна да ги добива првите критики и се прават анализи зошто не успева брзо да се адаптира во системот на Томас Тухел, кој пак денеска излезе со свое гледиште за тоа зошто Ромелу се мачи во последно време.

Утрешниот меч со Малме ќе биде добра шанса за Белгиецот да стави крај на голгетерскиот пост, но на денешниот прес, Тухел застана во одбрана на своето најголемо засилување и објасни зошто не ги гледаме најдобрите перформанси од фантастичниот центарфор.

– Челси и Лукаку, ние се уште сме во процес на адаптација. Во овој момент, сметам дека Лукаку го чувствува заморот од тоа што едноставно е преигран во изминатиот период. Одигра многу натпревари, потоа имаше тежок турнир изминатово лето, а сега го даваше максимумот и во завршницата од Лигата на нации.

– Тој е фантастична атлета и неизмерно е конкурентен. Сака секогаш да оди до крај, да се бори за победите и титулите. Сакаше да има добра завршница со Белгија во Лигата на нации, играњето за Белгија многу му значи. Секогаш презема голема одговорност, но во последно време се мачи поради тоа што е преигра. Ментално е изморен, но сигурен сум дека брзо ќе го пронајде ритамот и работите ќе станат одново полесни за него. Тешко е да се суди дали му треба одмор со седење на клупа, или да го оставиме да игра на теренот. Тоа е тешка одлука, – изјави Тухел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни