Англија
Тухел жали што Челси најчесто играше без својот клучен играч: Тој е нашиот Салах, Ван Дајк и Де Брујне!

Нголо Канте пред натпреварот со Лестер истакна дека не е преокупиран со шпекулациите за неговата иднина и го интересира само една година од договорот која му преостанува со Челси, клуб чии интереси ќе ги брани и наредната сезона.
Францускиот репрезентативец втора сезона по ред немаше можност да игра на највисоко ниво поради честите проблеми со повреди, а Томас Тухел кој едноставно го обожава неуморниот играч за врска, по ремито со Лестер му додели комплименти како никој досега.
Германецот го спореди Канте со три големи ѕвезди од Премиер лигата, додавајќи дека вистинско чудо е како Челси завршил во топ три ако се знае дека Нголо играше само на 40 проценти од натпреварите оваа сезона.
– Канте е нашиот клуч во системот, нашиот клучен играч. Кога говориме за тоа, клучните играчи прават разлика кога се на теренот. За жал, тој одигра само 40 проценти од натпреварите оваа сезона и вистинско чудо е што завршуваме како трети.
– Тој е нашиот Салах, Ван Дајк и Де Брујне! Тој е навистина толку важен за нас, Канте е нашиот Нејмар или Мбапе, тој е човекот кој прави разлика, но кога го имате само 40 проценти од натпреварите, тоа претставува огромен проблем. Кога ќе го согледате тој процент, делува како вистинско чудо што остваривме добри резултати. Видовме како Ливерпул страдаше без Ван Дајк минатата сезона. Нголо е наш клучен играч и се надеваме дека во иднина ќе го имаме повеќе на теренот, – изјави Тухел.
-
Англијапред 15 часа
Мерсон за повлечениот потег на Арсенал: Тој не може да биде стартер ниту во Фулам
-
Светпред 8 часа
Халанд не се однесува како голема ѕвезда и ги воодушеви присутните на плажа во Марбелја (Видео)
-
Светпред 16 часа
Ди Марија се плаши за местото во репрезентацијата: Само еден е сигурен!
-
Англијапред 7 часа
Фоден избркан од луксузна плажа на Крф поради бесна караница со својата девојка (Видео)
-
Италијапред 8 часа
Малдини со рецептот „Тео Ернандес“ привлекува играч на Реал кој е во последната година од договорот (Фото)
-
АТПпред 15 часа
Циципас триумфираше во Мајорка, Надал му испрати порака: Победи го Ѓоковиќ на Вимблдон (ВИДЕО)
-
Светпред 17 часа
Бејл ги потврди гласините и позираше со новите клупски обележја: Се гледаме наскоро (Видео)
-
Германијапред 15 часа
Барселона се впушта во завршна офанзива за Левандовски