Поврзете се со нас

Франција

Тухел за засилувањето на ПСЖ: Може да направи разлика против Ним и Дижон, но не против Јунајтед!

Објавено

на

ПСЖ ја продолжи победничката серија во домашното првенство во кое е класа за себе, рехабилитирајќи се на овој начин од непосакуваниот пораз кој го претрпе од Манчестер Јунајтед на стартот на новата сезона во Лигата на шампионите.

„Светците“ не наидоаа на серизен противник на домашен терен против Дижон и славеа со уверливи 4:0, натпревар на кој своите први два гола во Лига 1 ги постигна Моизе Кин.

Младиот напаѓач кој има само 20 години не бележи прогрес во кариерата како што му се прогнозираше во Јувентус, па откако имаше навистина многу тешка сезона во Евертон, на крајот на летниот преоден рок го засили ПСЖ како алтернатива во нападот.

Кин е доведен на позајмица на „Паркот на принцовите“, а откако даде два гола во победата од 4:0, Тухел им порача на новинарите да не очекуваат премногу од него.

– Кин додава интензитет во нашата игра, силен е и носи интензитет. Тој е одлично атлетски граден и горд сум што докажа што може да направи против Ним и Дижон. Направи разлика против овие два тима, но беше многу потешко против Манчестер Јунајтед, тоа е веќе друго ниво. Кин докажа дека може да ни помогне на натпревари од ова ниво, но не очекувајте премногу од него. Не играше многу во Евертон, има уште многу работа пред себе, – изјави Тухел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни