Поврзете се со нас

Франција

Тухел за заминувањата од ПСЖ: Ни фали квалитет, тоа е сигурно

Објавено

на

Екипата на Пари Сен Жермен многу рано беше прогласена за шампион на Франција, па долго време ќе биде без натпревари и ќе биде интересно да се види како ќе се соочи со предизвиците во Лигата на шампионите.

Таму „светците“ ќе бидат без Единсон Кавани и Тома Мение кој одлучија да не потпишат нови краткорочни договори, но добра вест е што најверојатно тренерот Томас Тухел ќе може да смета на Тиаго Силва и Лајвин Курзава кои ќе останат за да помогнат во елитното натпреварување.

Според Тухел ова секако ќе остави трага врз ПСЖ, ама сепак верува дека тие ќе се прикажат во најдобро издание.

-Сите играчи се важни да создадат група и менталитет, а загубата на овие тројца (Силва, Кавани, Мение) ја намалуваат групата. Ние секогаш игравме со овие играчи и затоа губиме квалитет со нивните заминувања, тоа е сигурно.

-Нема да биде невозможно, и јас сум убеден дека ќе бидеме многу силни. Мора да го подготвиме овој тим за двата финалиња со многу добар менталитет. Одигравме извонредно со сите во ЛШ. Сега е различно, но не невозможни, -порача германскиот стручњак.

ПСЖ на 27 јули ќе го одигра финалето со Сент Етјен во Купот на Франција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни