Поврзете се со нас

Англија

Тухел за Ван Гал: Тој има мадиња!

Објавено

на

Пред неколку денови селекторот на холандската репрезентација, Луи Ван Гал имаше директна препирка со новинарот на „Де Телеграф“ Валентијн Дриесен, а причината за тоа е „дефанзивната“ формација на „лалињата“.

Имено новинарот му порача на Ван Гал дека игра дефанзивен фудбал со формацијата 5-3-2 по што одговор во свој стил имаше трофејниот тренер кој притоа го пофали Томас Тухел за неговиот успех со Челси играјќи на овој начин.

Ван Гал му одржа лекција на новинар: 5-3-2 е дефанзивна формација? Не знаeш ништо за фудбалот (Видео)

Ова допре и до самиот Тухел кој имаше што да каже за некогашниот предводник на Манчестер Јунајтед, Ајакс и Барселона.

-Некој тоа ми го испрати. Беше задоволство да се игра против него како многу млад тренер во Германија кога беше тренер од Баерн Минхен, тој има ваква брутална искреност кога разговарате со него или кога оди на прес -конференција, тоа навистина ми се допаѓа.

-Има мадиња да го каже тоа што го мисли. Понекогаш тоа не е во негова корист, но мислам дека во моментов, убаво е да го слушам како зборува за фудбал. Тој има одредена возраст. Има огромно искуство. Тој влијаеше на фудбалот воопшто со сите негови клубови, сите негови тимови, на толку високо ниво.

-Не само затоа што ме бранеше лично, што секако беше убаво, ама генерално не се плаши да проговори. Понекогаш јас или другите колеги можеби си велиме „да не зборуваме“ затоа што може да создадовме проблеми и сакаме да одржиме мирна атмосфера … Но Ван Гал е добар човек и ми се допаѓа, -истакна Германецот на кормилото на Челси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни