Поврзете се со нас

Англија

Тухел за Рагник: Тој е личноста која ме убеди да станам тренер

Објавено

на

Речиси и да немаше тренер во Англија кој во текот на денешниот ден не даде коментар за Ралф Рагник кој како што стојат работите ќе стане нов предводник на Манчестер Јунајтед.

Откако свое видување за Рагник дадоа Клоп и Гвардиола, поисцрпен одговор за неговите квалитети даде Томас Тухел кој посочи дека тој бил човекот кој го натерал да влезе во тренерските води.

Тухел морал рано да се пензионира од активното играње фудбал, па добил тренерски ангажман токму од Рагник во младинските категории на тимот на Улм.

– Ми помогна многу затоа што беше мој тренер, а потоа беше една од главните фигури кои ме убедија да започнам со тренерскиот занает. Ралф има огромно влијание на сите нас, -изјави Тухел чиј тим ќе биде следен противник на Манчестер Јунајтед.

Во моментов Челси е на цели 12 бода пред Манчестер Јунајтед, а победа во дерби пресметката овој викенд ќе ги оддели на недостижни 15 бодови позитива во однос на ривалот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни