Поврзете се со нас

Англија

Тухел за пропаднатиот мега-трансфер на Сити и Пеп: Тој никогаш не беше на мојата листа

Објавено

на

Томас Тухел доби напаѓач од светска класа во Ромелу Лукаку, но во текот на летниот преоден рок, Челси се споменуваше во блиска врска и со ХАри Кејн кој на крајот остана во Тотенхем.

Утре на програмата е дербито меѓу двата омразени ривали од Лондон Тотенхем и Челси, а пред истото, менаџерот на европскиот првак отворено говореше за ситуацијата на најдобриот англиски напаѓач и призна дека тој веќе го видел во редовите на Манчестер Сити, нешто што на крајот не се оствари.

– Искрено, мислев дека трансферот на Кејн во Сити ќе се случи, мислев дека тоа ќе се заврши во преодниот рок. Јас никогаш го немав неговото име на мојата листа и никогаш не отидов кај директорката Марина за да и кажам да го купи.

– Клубот ја реши ситуацијата на најдобар начин со тоа што го обезбедивме. Меѓу фудбалерите има многу луѓе, агенти, советници и се собираат информации од сите страни.

– Ние никогаш не бевме блиску до Кејн. Јас не бев исплашен со тоа што Кејн може да заврши во Сити, но го видов таму. Ќе беше интересно да се види како ќе го промени Сити, но не се плашиме од никого. Ниту од Сити, ниту од Јунајтед, ниту од Ливерпул. Тие се силни како сите останати тимови во Премиер лигата, – потенцира Тухел пред утрешното дерби во Премиер лигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни