Поврзете се со нас

Германија

Тухел за последното зимско засилување: Има лингвистички проблем

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Баерн Минхен го договори Брајан Сарагоса од Гранада за сума од 20 милиони евра, но на крајот реши да го активира трансферот шест месеци порано, сето тоа како резултат на незгодните повреди кои ги заработија крилата во тимот на Томас Тухел.

Проблемите на Кингсли Коман и Серж Гнабри го натераа баварскиот великан да реагира и веднаш да го доведе новопечениот шпански репрезентативец, кој досега одигра вкупно 20 минути како играч на Баерн.

Германските медиуми денеска го прашаа Тухел зошто толку малку користи играч кој поседува завидни технички квалитети, по што тренерот на Баерн откри дека новото засилување има проблем со интеграцијата, бидејќи не разбира ниту англиски, ниту германски јазик.

– Брајан едноставно има недостиг кога се јазиците во прашање. Има потешкотии да говори на англиски и германски јазик и тоа претставува проблем. Го донесовме порано за да заштедиме време со неговата адаптација, но и поради тоа што знаевме дека Коман и Гнабри имаат проблеми.

– Самиот знаеше дека ова ќе биде огромен чекор за него, а сега сите го гледаме тоа. Сите ги гледаме неговите квалитети на тренинзите, но исто така забележуваме дека неговата адаптација не е комплетна поради лингвистичкиот проблем. Поради ова, ќе мора да добие повеќе време и ќе почекаме со него, – објасни Тухел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни