Германија
Тухел за јануарското засилување: Јазичната бариера му ја успорува адаптацијата
Баерн Минхен одигра добар натпревар против Лацио во Лигата на шампионите, а тренерот Томас Тухел посакува истиот пристап да биде употребен и во продолжението од сезоната во Бундеслигата.
Баварците и минатото коло освоија само бод и му дозволија на Баер Леверкузен да се одлепи на плус десет, а Тухел го најавил денешниот дуел со Мајнц на вообичаена прес-конференција.
Една од темите била и засилувањето Брајан Сарагоса, кој во јануари пристигна од екипата на Гранада.
– Брајан не зборува англиски и германски, а тоа е голем проблем.
– Го забрзавме трансферот и го доведовме во јануари за да добиеме на време за адаптација и затоа што не знаевме колку ќе им треба на Гнабри и Коман да се вратат во тимот.
– Знаевме дека тое ќе биде голем чекор за него, тоа се забележува откако е тука. Поседува фудбалски квалитети, но ќе му биде потребно повеќе време за адаптација, посебно поради јазичната бариера. Сигурно ќе му дадеме време, – рекол Тухел.
Шпанецот досега има само еден настап, односно 28 минути кои ги одигра во поразот од Бохум.
-
Шпанија20 часа
Џентлменски потег: Реал Мадрид со голема почит го испрати Иниеста во пензија
-
Шпанија18 часа
Гути: Нешто не функционира во овој Реал Мадрид
-
Македонија21 час
ФК Вардар доби унгарски сопственик
-
Германија17 часа
Баерн подготвува „понуда која не се одбива“ за Мусиала
-
Италија21 час
Капело критикува важен играч на Милан: Создава само негативна енергија
-
Англија22 часа
Дефанзивец на Манчестер Јунајтед потврди дека оди на принудна пауза
-
Репрезентација22 часа
Димитриевски во интервјуто за „Марка“: Цела Македонија сонува за една работа
-
Англија18 часа
Крај на една ера: Манчестер Сити останува без архитектот на моќниот тим на премиерлигашот