Германија
Тухел за изданието на Кејн на дебито во Бундеслигата: Ова е потценување….. (Видео)

Хари Кејн имаше деби од соништата во Бундеслигата и брзо ја заборави својата премиера која ја имаше пред една недела, кога влезе како резерва во тешкиот пораз од Ред Бул Лајпциг во Суперкупот.
После неколку тренинзи со првиот тим и подобро запознавање на новите соиграчи, Кејн одигра извонредно добро против Вердер Бремен и запиша гол и асистенција во победата од 0:4, по која Тухел ги поправаше германските новинари кои излегуваа со епитети за неговиот настап.
Тренерот на Баерн Минхен нагласи дека епитетот „добро деби“ е прескромно за тоа што го понудил Англичанецот на теренот, кој според него бил беспрекорен во секој поглед.
– Да се каже дека ова беше само добро е потценување. Тој беше апсолутно одличен во секоја смисла на зборот. Беше присутен во секоја акција, покажа карактер и веднаш им се стави на располагање на соиграчите.
– Не е само тоа, начинот на кој тренира покажува дека е голем професионалец, пристигнува прв на тренинзите. Го започна мечот со паметна асистенција, а потоа и се запиша во листата на стрелците. Се надевам дека ќе продолжи во овој ритам, – изјави Тухел.
-
Шахпред 11 часа
Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла
-
Шпанијапред 11 часа
Невидена сцена од топ 5 лигите: Разголена танчарка во ВИП ложата на натпревар на кој играше Барселона (Видео)
-
Шпанијапред 15 часа
Контроверзен момент и многу тензија во Памплона: Осасуна израмни против Атлетико, судијата ги разбесни домаќините (Видео)
-
Македонијапред 9 часа
Вардар обвини за опструкции: Пронајден е инвеститор кој сака да вложи 18 милиони евра, но…..
-
Светпред 14 часа
Невил ги избра трите најважни летни трансфери и го посочи својот фаворит за титулата во ЛШ
-
Шпанијапред 16 часа
„Синдромот Гати“ се префрли и во Шпанија: Играч на Алавес си даде автогол од 30 метри, противниците го тешеа (Видео)
-
Италијапред 15 часа
Мурињо по најлошиот старт во неговата тренерска кариера: Ни недостасува играчот кој лани направи многу грешки
-
Германијапред 10 часа
Матеус пронајде „нов Халанд“ во Бундеслигата: Се работи за роден голгетер (Видео)