Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Тухел: Во ниту еден момент не бев релаксиран, но демонстриравме микс од три клучни работи

Објавено

на

Томас Тухел во крајно необична ситуација ги следи натпреварите на завршницата во Лигата на шампионите, бидејќи поради скршеницата на метатарзалната коска, постојано седи на малиот ладилник за чување шишиња и дава инструкции од близина на линијата.

Германскиот стручњак по вечерашниот меч во Лисабон оствари историски подвиг исто како и неговиот тим, бидејќи пласманот во големото финале е прв во историјата на ПСЖ, но и за него како тренер.

Тухел не го криеше задоволството по големата победа од 3:0 над Лајпциг и неговиот ученик Нагелсман, нагласувајќи дека ПСЖ во секој момент од мечот останал верен на својот стил на игра.

– Останавме верни на нашиот стил на игра. Кога беше возможно, ја контролиравме играта на мал простор и ги контролиравме нивните контри, што беше многу важно. Во нападот пак, ја користевме брзината на Ди Марија, Мбапе и Нејмар.

– Во ниту еден момент не бев релаксиран, но начинот на кој се браневме е најважната работа за мене на овој натпревар. Имавме добар микс од решителност, борбен дух и квалитет. Демонстриравме микс од тие три клучни работи во одбраната, – заклучи Тухел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни