Поврзете се со нас

Англија

Тухел уште еднаш го понижи фудбалерот на Челси кој дефинитивно ќе си оди по крајот на сезоната

Објавено

на

Стратегот на Челси, Томас Тухел повлече уште еден радикален потег со кој докажа дека не смета на еден од фудбалерите кои беа редовни под водство на Френк Лампард.

Станува збор за напаѓачот, Тaми Ејбрахам  кој не е вклучен во составот за денешниот полуфинален натпревар од ФА Купот против Манчестер Сити.

Ејбрахам беше редовен под водство на Лампард, и се уште е најдобар стрелец на Челси, но и покрај тоа не добива голема шанса за докажување од Томас Тухел.

Токму затоа младиот напаѓач ќе ја разгледа можноста за заминување од клубот во летниот преоден рок, посебно ако се земе предвид фактот дека во Челси би можел да пристигне и Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни