Англија
Тухел стави потпис на договорот со Челси и веднаш излезе на терен: Првите зборови му ги посветувам на Лампард (Фото)

Томас Тухел од оваа вечер стана првиот Германец кој ќе го води тимот на Челси во историјата, откако клубот од „Стемфорд Бриџ“ и официјално соопшти дека доскорешниот тренер на ПСЖ е замената за Френк Лампард кој вчера беше ослободен од своите обврски како менаџер.
Англиските медиуми уште вчера најавија дека ценетиот германски стручњак ќе ја добие првата задача како менаџер во Премиер лигата, но од вечерва е и официјално дека ќе биде шеф на стручниот штаб на „лондонските сини“, според договор кој има првична важност од 18 месеци.
Тухел кој претходно работеше во Борусија Дортмунд, пред крајот на 2020-та година доби непријатен божиќен „подарок“ во вид на отказ од страна на ПСЖ, но по само еден месец, веќе има нова работа и тоа во навистина елитен клуб со највисоки амбиции.
– Сакам да им се заблагодарам на директорите на Челси за укажаната доверба во мене и во мојот стручен штаб. За почеток, сакам првите зборови да му ги посветам на Лампард. Сакам да нагласам дека сите ние имаме максимален респект кон Френк Лампард и за наследството кое тој го остава во Челси.
– Истовремено, не можам да дочекам да ги сретнам моите нови играчи и да се натпреварувам во највозбудливата лига во светот. Горд сум што станувам дел од семејството на Челси, чувството е фантастично, – изјави Тухел по потисот на договорот.
Welcome to Chelsea, Thomas Tuchel! ✍️🔵 #WelcomeTuchel
— Chelsea FC (@ChelseaFC) January 26, 2021
Thomas Tuchel is 🔵 and 𝘀𝘁𝗿𝗮𝗶𝗴𝗵𝘁 to work at Cobham! #WelcomeTuchel pic.twitter.com/kJDDzDPfYq
— Chelsea FC (@ChelseaFC) January 26, 2021

- Англијапред 23 часа
Еден од играчите на Челси се налутил на Тухел и одбил да преговара за нов договор
- Шпанијапред 22 часа
Интересен момент по крајот на натпреварот на „Камп Ноу“: Голманот на Елче се возбуди кога Меси му го побара дресот (Видео)
- Лига на шампионипред 21 час
Зидан искрен по победата над Аталанта: Не бевме најдобри иако имавме играч повеќе
- Англијапред 24 часа
Тотенхем тргнува по незадоволниот фудбалер на Манчестер Јунајтед
- Лига на шампионипред 22 часа
Менди со супер гол во финишот го проби бедемот на Аталанта, Манчестер Сити без проблем во Будимпешта (Видео)
- Лига на шампионипред 12 часа
Зидан откри интересна анегдота за стрелецот на голот и нагласи: Ова беше воиграна акција од тренинзите! (Видео)
- Лига на шампионипред 12 часа
Бесниот Гасперини со предлог до УЕФА какви судии да делегира во иднина: Ова е самоубиство на фудбалот!
- Шпанијапред 24 часа
Меси изрежира уште една мајсторија, Барселона лесно до трите бода против Елче (Видео)