Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Тухел: Стануваме тим од кого сите се плашат

Објавено

на

Челси со победата на Реал Мадрид од 2-0 го грабна билетот за финалето на Лигата на шампионите каде ќе излезе на мегдан против ривалот од Премиер лигата-составот на Манчестер Сити.

Вернер и Маунт беа стрелци на погодоците за победа, пласман во финалето со што Томас Тухел влезе во историјата на ова натпреварување како прв тренер кој во две сезони во низа стигнал до самата завршница со два различни клуба.

Германецот е задоволен од постигнато и се надева оти во Истанбул неговите момци ќе можат да ја крунисаат оваа кампања.

-Стануваме тим од кој сите се плашат. Бевме силни, особено во второто полувреме. Бевме фокусирани на победа цело време. Ова е голем успех, честитки со сите во тимот, -рече Томас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни