Поврзете се со нас

Англија

Тухел со ветувачки најави за следната сезона: В година ќе е „друга песна“, дефинитивно ќе ги гониме

Објавено

на

Тренерот на Челси, Томас Тухел даде оптимистични и ветувачки најави за следната сезона во која клубот ќе влезе со далеку поголеми амбиции.

Челси кој игра одлично откако германскиот стратег седна на нивната клупа годинава веќе е во полуфиналето од Лигата на шампионите и ФА Купот, а за следната година Тухел најави дека ќе го бркаат и трофејот во Премиер лигата.

– Мора да прифатиме дека има голема разлика меѓу нас и Манчестер Сити оваа година. Ако ги видите натпреварите во Премиер лигата и натпреварите од минатите години, мора да го прифатите тоа. Важно е ние да го прифатиме тоа, а притоа да не се направиме многу помали од нив. Од следната сезона, односно од денот еден во новата сезона ќе ги гониме, ќе се обидеме да ја намалиме разликата меѓу нас.

– Манчестер Сити за мене е репрер. Во Европа има два тима кои може да бидатрепер во моментов, тоа се Баерн Минхен и Манчестер Сити, -изјави Томас Тухел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни