Поврзете се со нас

Англија

Тухел со прва информација за повредите на Лукаку и Вернер

Објавено

на

Челси рутински го совлада Малме во Лигата на шампионите, но натпреварот на „Стемфорд Бриџ“ донесе многу грижи за актуелниот европски првак.

Уште во првото полувреме повреди заработија Ромелу Лукаку и Тимо Вернер и принудно беа заменети, а менаџерот Томас Тухел по средбата ги информирал медиумите за статусот на двајцата напаѓачи.

– Ни се случи повреда на зглобот на Лукаку и проблем со повреда на мускул на Вернер и тие сигурно ќе паузираат одреден период.

– Досега бевме во добра ситуација со повредите, само Пулишиќ не беше во комбинација, но кој и да отсуствува се чувствува. Имаме многу натпревари, многу натпреварувања, па мора да најдеме решение и да не бараме изговори.

– Сме победувале и претходно без Лукаку и Вернер, никој не сака вакви проблеми, но и тоа се случува во текот на сезоната, – изјавил Тухел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни