Поврзете се со нас

Германија

Тухел со критики за ѕвездите на Баерн: Ова беше „харакири“

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBayern

Баерн Минхен освои само бод на гостувањето кај Фрајбург, а тренерот Томас Тухел не штедел критики за своите фудбалери.

Тренерот во заминување најмногу се налутил поради играта во првиот половина час, во кој домаќините поведоа, а можеа да стигнат и до поубедливо водство.

– Игравме без структура, бевме многу недисциплинирани и фудбалерите не беа на своите позиции. Започнувавме напади кога не беше вистински момент, им остававме многу простор и ги каневме на контри. Тоа беше навистина лош половина час.

– Примивме гол од прекин кој можевме да го браниме подобро, што е уште еден доказ за недисциплината, си направивме „харакири“.

– Правевме работи кои никогаш не сме ги тренирале или договарале. Не се работеше за тоа дека не постоеше желба за добар резултат, но игравме неконтролирано во првиот дел од средбата, – рекол Тухел.

Баерн заостанува седум бода зад лидерот Баер Леверкузен, кој може да ја зголеми предноста на гостувањето кај Келн.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни