Поврзете се со нас

Германија

Тухел со категорично „НЕ“ за првата тренерска понуда која ја добил на маса по отказот во Челси

Објавено

на

Foto:twitter.com/ChelseaFC

Томас Тухел беше непријатно шокиран на стартот на месец септември, бидејќи заработи експресен отказ од новиот газда Тод Боли во воведот во новата сезона.

Поразот од Динамо Загреб во Лигата на шампионите се покажа како меч кој ја прели чашата кај американскиот бизнисмен, кој подоцна објасни дека отказот не бил избрзано донесен и дека бил врачен поради различни гледишта за иднината.

Германскиот стручњак остави навистина добра трага во Челси и ќе се памети по освоените титули во Лигата на шампионите и светското клупско првенство, но засега, Тухел ќе продолжи да ужива во мирот кој му го нуди принудната пауза.

Угледниот германски медиум „Спорт1“ открива дека Тухел добил примамлива понуда за враќање во Бундеслигата, но одговорил со категорично „НЕ“.

Баер Леверкузен го контактирал Тухел веднаш по тешкиот пораз од Баерн Минхен во петокот, но понудата испратена до Томас не забележала никаков напредок, бидејќи досегашниот менаџер на Челси смета дека не е време за враќање на домашната сцена во Германија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни