Поврзете се со нас

Англија

Тухел со еден коментар за отказот на Потер јасно стави до знаење што мисли за раководството на Челси

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Грем Потер се претвори во 12-та тренерска жртва во Премиер лигата оваа сезона и го продолжи егзодусот на менаџери кои заработуваат отказ во англиската елита, листа која интересно беше отворено со Томас Тухел.

Германецот заработи отказ на почетокот на месец септември и беше заменет од Потер за кој Челси плати околу 20 милиони фунти, но само седум месеци подоцна, излезната врата му беше покажана и на англискиот стручњак.

Ваквите случувања на „Стемфорд Бриџ“ му се добро познати на актуелниот тренер на Баерн Минхен, кој коментирајќи го отказот на неговиот наследник во Лондон, јасно стави до знаење дека има многу лошо размислување за управувањето на новата гарнитура предводена од Тод Боли.

– Ги слушнав вестите за Потер и тајмингот со овој отказ се случува во време кога јас добив нова работа. Навистина уживав во своето време во Челси и си создадов некои пријателства кои ќе траат до крајот на животот.

– Но, клубот кој јас го знаев е минато. Клубот многу се промени, па оваа нивна одлука не предизвика речиси никаква емоција кај мене, – изјави Тухел, кој дефинитивно се уште е разочаран од отказот кој го доби од Тод Боли.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни