Поврзете се со нас

Англија

Тухел си ја призна грешката и го испофали својот херој: Тој тренира како да има 15 години помалку!

Објавено

на

Оливие Жиру е во 35-година од својот живот и веќе неколку сезони наназад важи за еден од најпотценетите напаѓачи во светот, играч кој сепак не престанува да ја воодушевува светската фудбалска јавност со своите потези и акробации на теренот.

Искусниот Французин вчера режира вистинска бравура во Лигата на шампионите и со „ножички“ го матираше Јан Облак за голема победа на Челси против Атлетико во осминафиналето, триумф по кој задоволството од залагањето и напорот на напаѓачот не го криеше и менаџеро Томас Тухел.

Германецот си ја призна грешката и нагласи дека не постапил правилно што не му дал шанса на последниот натпревар против Саутемптон на кој Челси ремизираше 1:1, но затоа не пропушти да го испофали по неговиот херојски гол за победа против Атлетико.

– Вистина е дека погрешив со селекцијата против Саутемптон, погрешно ги искористив измените, а во Премиер лигата, дозволено е да се прават само три и немате право на поправен испит. Сепак, јас не сум изненаден од ова што го прави Жиру. Ако го гледате на дневна база, не може да бидете изненадени од ваков гол.

– Тој е комплетно фит, неговото тело е во врввна форма, физички е подготвен за највисоко ниво и изгледа како да има 15 години помалку. Тренира како момче од 20 години, тој ужива во тренинзите и тој е навистина клучен фактор за оваа група. Остава навистина добар пример за останатите. Секогаш го дава максимумот и го нуди истото, без оглед дали е стартер, или пак помага од клупата, – изјави Тухел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни