Англија
Тухел сепак дочека чудо: Играчот кој го отпиша за финалето му се става на располагање

Матео Ковачиќ заработи незгоден удар на последниот натпревар во Премиер лигата, па поради бруталноста на стартот кој го режираше Џејмс, Томас Тухел практично го прецрта Хрватот за големото финале во ФА Купот.
Германецот тогаш нагласи дека ќе биде потребно чудо Ковачиќ да настапи на „Вембли“, но на 24 часа пред натпреварот со Ливерпул, Тухел вели дека лекарскиот тим и играчот се блиску до такво нешто и Хрватот ќе проба да се стави на располагање на тимот.
– Ќе пробаме на денешниот тренинг, што е всушност огромно изненадување со оглед на ситуацијата која ја имавме по мечот со Лидс. Но, Матео сака да пробам и медицинскиот тим даде зелено светло за тоа. Предноста кај него е тоа што лигаментот на зглобот веќе беше скинат од минатиот инцидент и не постои нова повреда.
– Има голема болка и оток, но се надеваме дека ќе стигне навреме утре и дека ќе успее во својата намера. Веруваме дека ќе му се исплати трудот, – изјави Тухел, кој даде изјава и за Нголо Канте.
– Канте исто така ќе проба. Тој проба уште на вчерашниот тренинг и тренираше со соиграчите како и обично. Тој верува дека ќе дојде до 100 проценти утре и тоа ќе биде клучно за нас, – изјави Тухел.
-
Англијапред 16 часа
Клоп: Јас сум виновен за промашениот пенал на Мане (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 12 часа
Таткото на Меси: Се надевам Лео ќе се врати во Барселона
-
Македонијапред 9 часа
Инфаркт завршница во Кавадарци: Талески со гол во последната акција го остави Пелистер и без Куп трофејот!
-
Германијапред 14 часа
Мајсторија која ќе се врти: Соиграч на Чурлинов постигна гол од половина терен (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 17 часа
Симеоне ја потврди разделбата со Суарез
-
Италијапред 15 часа
Мурињо во свој стил: Конференциската лига е поважна од Скудетото
-
Италијапред 13 часа
Наинголан: Го видовте ли Брозовиќ? Јас тоа да го направев…
-
Англијапред 13 часа
Марез промаши пенал за победа на Сити, Ливерпул се уште е во игра за трофејот во ПЛ (ВИДЕО)