Поврзете се со нас

Англија

Тухел се соочува со проблеми пред дуелот со Брентфорд, дури четворица фудбалери ќе отсуствуваат од тимот

Објавено

на

Тренерот на Челси, Томас Тухел потврди дека четворица фудбалери на клубот нема да бидат во можност да настапат на натпреварот против Брентфорд кој се игра овој викенд.

Репрезентативната пауза му создаде проблеми на германскиот стратег кој нема да може да смета на првотимци кои досега беа стандардни во неговиот тим.

Средбата со Брентфорд со сигурност ќе ја пропуштат Антонио Ридигер кој се повреди за репрезентацијата на Германија, па го скокна и натпреварот против Македонија во Скопје, потоа Тијаго Силва кој денеска играше репрезентативен натпревар со Бразил, како и Хаким Зијеш и Кристијан Пулишиќ.

– Денеска ги одржавме редовните разговори пред натпреварите и зборувавме з анатпреварот со Брентфорд, а го имавме и тактичкиот треинг. Тијаго пропушти се. Играше 90 минути, 12 часа патуваше, па тоа нека биде одговорот на прашањето дали може да игра или не.

– Антонио Ридигер е повреден, дојде повреден од националниот тим и нема да игра. Пулишиќ е се уште повреден, а повреден е и Хаким Зијеш кој ги пропушти последните два тренинзи, -изјави Тухел

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни