Германија
Тухел се појави на првиот тренинг и му удри клоца на играчот кој добива доста критики (Видео)

Томас Тухел утрово се појави во „Зебенер штрасе“ центарот во Минхен и го одработи првиот тренинг како тренер на Баерн, пред кој решил да одржи и мал говор пред фудбалерите кои во моментов ги има на располагање.
Од играчите кои се повикани од репрезентацијата, Тухел денеска можеше да смета само на Жоао Кансело, но во наредните два-три дена ќе му се приклучат и останатите кои имаат обврски.
Германските новинари го споделија видеото од моментот кога Тухел го стартувал тренингот со говор на тревникот, меѓутоа беше споделено и урнебесно видео во кое во прв план е токму тренерот.
Според информациите, Тухел се прикажал во навистина близок и пријателски однос со сите играчи, па за да го загрее и да го натера да трча подобро, му удрил и клоца на Лерој Сане.
Крилниот напаѓач често се наоѓа на удар од јавноста поради неконстантните изданија, па откако го загуби местото во стартниот тим под водство на Нагелсман на последните пет меча, сега ќе добие шанса да го врати со новиот тренер.
Tuchel & Sané [🎥 @ransport]pic.twitter.com/VhI9j7bbDu
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) March 28, 2023
Tuchel giving a first speech to the team [🎥 @julianbuhl]pic.twitter.com/zATzifI5nl
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) March 28, 2023
-
Шахпред 11 часа
Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла
-
Шпанијапред 11 часа
Невидена сцена од топ 5 лигите: Разголена танчарка во ВИП ложата на натпревар на кој играше Барселона (Видео)
-
Шпанијапред 15 часа
Контроверзен момент и многу тензија во Памплона: Осасуна израмни против Атлетико, судијата ги разбесни домаќините (Видео)
-
Македонијапред 9 часа
Вардар обвини за опструкции: Пронајден е инвеститор кој сака да вложи 18 милиони евра, но…..
-
Светпред 14 часа
Невил ги избра трите најважни летни трансфери и го посочи својот фаворит за титулата во ЛШ
-
Шпанијапред 16 часа
„Синдромот Гати“ се префрли и во Шпанија: Играч на Алавес си даде автогол од 30 метри, противниците го тешеа (Видео)
-
Италијапред 15 часа
Мурињо по најлошиот старт во неговата тренерска кариера: Ни недостасува играчот кој лани направи многу грешки
-
Германијапред 10 часа
Матеус пронајде „нов Халанд“ во Бундеслигата: Се работи за роден голгетер (Видео)