Поврзете се со нас

Англија

Тухел се отвори за најтешкиот пораз во кариерата: Бев во темнина, не можев да зборувам два дена

Објавено

на

blank

Томас Тухел ќе се соочи со тимот на Манчестер Јунајтед за прв пат како тренер на Челси и интересно, трет пат оваа сезона со оглед на фактот што во првиот дел од сезоната два пати се сретна со „ѓаволите“ во Лигата на шампионите.

Германскиот стратег го препороди тимот на Челси и многумина очекуваат одличен натпревар на „Стемфорд Бриџ“ каде клубот од Лондон ќе ја носи фаворитската улога.

Тухел сега се присети на неверојатниот пораз токму од Манчестер Јунајтед во 2019 година по кој ПСЖ кој беше апсолутен фаворит во тој двомеч доживеа елиминација откако во првиот натпревар на „Олд Трафорд“ победи со 2:0.

– Ќе бидам многу искрен, по натпреварот два дена бев во целосен мрак, не можев да зборувам со никој ниту да мислам на нешто друго освен поразот. Тоа можеби беше најтешкиот и најлошиот пораз кој сум го искусил затоа што дојде од никаде. Немав искусено нешто такво претходно, -изјави Тухел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни