Англија
Тухел разочаран од двајца англиски стартери: Во клубовите играа на многу повисоко ниво

Англија ја победи Албанија на почетокот на квалификациите за Светското првенство, што беше и посакуван почеток на селекторската ера на Томас Тухел.
Германскиот стручњак сигурно е задоволен со резултатот, но по дуелот изјавил дека очекува многу повеќе од своите избраници.
– Можеме многу подобро и мораме многу подобро.
– Започнавме добро и постојано ја имавме топката против ривал кој се концентрираше на својата игра во одбрана. Во второто полувреме мислам дека бевме премногу спори и имаше премалку обиди да се најдеме зад нивната дефанзивна линија, – рекол Тухел, кој имал посебна замерка за крилните напаѓачи, Маркус Рашфорд и Фил Фоуден.
– Двајцата немаа придонес каков што имаат во своите клубови. Мора да го анализирам натпреварот за да утврдам зошто топката одеше толку тешко до нив, а и тие го немаа влијанието кое го видов во настапите за клубовите изминатите недели. Ќе продолжиме да ги охрабруваме и ќе се обидеме да им овозможиме структура во играта со која ќе бидат поопасни, – рекол Тухел.
По првите три бода, Англија има императив за победа и на дуелот со Летонија.
-
Шпанија9 часа
Анчелоти обелодени каква била реакцијата на Перез и посочи што најмногу го повредило од елиминацијата во ЛШ
-
НБА10 часа
Дејвис направи „бунар“ и се пожали на повреда, камерата се сврте кон човекот кој се откажа од Дончиќ (Видео)
-
Лига Европа24 часа
Мегваер за победата на Јунајтед: Ова беше најчудниот, најлудиот…(ВИДЕО)
-
Лига на шампиони12 часа
Ханси Флик обелодени каков впечаток му оставил Интер и издвои еден играч: Едвај чекам да го видам
-
Англија11 часа
Откако не се докажа и под водство на Слот: Ливерпул чека понуди за најскапиот играч во својата историја
-
НБА12 часа
Дончиќ откри дека го искршил својот телефон откако дознал за трејдот во Лејкерс, покажа и како изгледа (Видео)
-
Шпанија5 часа
Нов инфаркт меч меѓу Барселона и Селта Виго: Каталонците со луд пресврт до голема победа на „Монжуик“ (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони6 часа
Фердинанд има фаворит за пехарот во ЛШ: Тие ќе бидат шампиони