Поврзете се со нас

Франција

Тухел првпат го впери прстот кон ѕвездите на ПСЖ: Ова е неприфатливо, овојпат не можам да ги бранам!

Објавено

на

Томас Тухел се наоѓа под константен притисок во ПСЖ поради нарушениот однос кој го има со директорот Леонардо, па поради тоа, воопшто не му се потребни и неповолни резултати како што беше оној вчера против Бордо на домашен терен.

ПСЖ испушти предност од 2:1 откако одигра навистина доста лошо второ полувреме, по кое Тухел за првпат откако е во Париз, го впери прстот кон своите ѕвезди кои ги осуди за односот на теренот во вторите 45 минути.

Тухел обично е оној што ги брани фудбалерите и таков беше случајот и по минималната победа над Лајпциг во Лигата на шампионите, но не и вчера по ремито од 2:2.

– Во првото полувреме го следевме планот, но не го затворивме мечот. Правевме грешки во завршницата од акциите, но такви работи се случуваат.

– Она што не смее да се случи е она што го видовме во вториот дел. Во второто полувреме загубивме се, бевме неорганизирани и истоштени, не можам да дадам најдобро објаснување. Имавме доволно време за одмор по мечот во Лигата на шампионите, разочаран сум од изданието на играчите. Не можам да го прифатам ова, беше навистина разочарувачки. Обично секогаш го правам тоа, но денеска не можам да ги бранам моите играчи, немам причина и повод за такво нешто, – изјави разочараниот Тухел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни