Поврзете се со нас

Англија

Тухел прозва двајца играчи по повредите на Лукаку и Вернер: Еве ви шанса за докажување

Објавено

на

Томас Тухел е убеден дека Ромелу Лукаку и Тимо Вернер ќе паузираат одреден период после повредите кои ги заработија против Малме, натпревар кој не беше перфектен за европскиот првак токму поради здравствените проблеми кои се јавија кај двајцата напаѓачи.

Тухел не можеше комплетно да и се израдува на победата од 4:0 поради загубата на важните играчи во нападот, но по новиот триумф во Лигата на шампионите, Германецот прозва двајца играчи од кои сега ќе очекува многу на наредните неколку меча.

– Фудбалерите секогаш добиваат шанса за докажување, а еве сега за Хаверц и Хадсон Одои. Им претстои шанса за докажување бидејќи сигурно неколку меча ќе бидеме без Лукаку и Тимо.

– Работите во фудбалот се такви, а Хаверц и Хадсон одговорија одлично по влегувањето во игра. Мора да најдеме решенија без Ромелу и Тимо и сите играчи треба да се потрудат и да се вклучат во трката за добивање минутажа, – изјави Тухел кој додаде дека Хадсон Одои своите најдобри перформанси ги дава на левата крилна позиција, кадешто играше вчера откако го замени Вернер.

– Левата крилна позиција е најдобра за Хадсон Одои, но понекогаш кога имаме поголем избор, од него бараме да му помогне на тимот и игра десно. Знаеме дека левата страна е најдобра за него, но од друга страна, тој знае дека е тука за да му помогне на тимот, – додаде Томас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни