Поврзете се со нас

Англија

Тухел прозва двајца играчи откако Челси го препушти првото место на табелата: Многу лоши одлуки

Објавено

на

Челси со поразот на гостувањето кај Вест Хем им овозможи на Манчестер Сити и Ливерпул да избијат на првото и второто место на табелата, нешто што двата тима успеаја да го реализираат, иако на „црвените“ од „Енфилд“ им беше доста потешко.

Дивок Ориги со гол во 94-та минута го урна отпорот на Вулверхемптон и му донесе победа на Ливерпул, додека Сити триумфираше на гостувањето кај Вотфорд со 1:3 и изби на чело на табелата.

Досегашниот лидер Челси загуби од Вест Хем со 3:2 во натпревар во кој доста играчи на Челси направија индивидуални грешки, но Тухел посебно ги потенцираше оние на Жоржињо и голманот Менди кој прими чуден гол кој се покажа како клучен за неуспехот.

– Генерално гледано, не сметам дека имавме прелош меч. Бевме во ред, можеме и да победиме други тимови со ваков перформанс, но не и Вест Хем. Направивме многу индивидуални грешки, истите од натпреварите со Манчестер Јунајтед и Вотфорд. Зборувавме за овие грешки, но очигледно тоа не ни помогна и не сум задоволен. Тоа е целата приказна.

– Одлуките беа многу лоши, носевме лошо одлуки. Во овој момент, Менди не носи добри одлуки на теренот и тоа се чувствува. И вратениот пас од Жоржињо не е добра одлука и бевме лошо ориентирани во неколку наврати. Ова едноставно не се прави на вакво ниво. Вест Хем е топ четири во Премиер лигата и направивме премногу грешки за да оствариме добар резултат, – изјави Тухел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни