Поврзете се со нас

Англија

Тухел призна дека Челси размислува на најпопуларниот напаѓач во Европа: Можам да ги замислам заедно со Лукаку!

Објавено

на

Фудбалерите на Челси се подготвуваат за вечерашниот натпревар против Малме во Лигата на шампионите, но во очекување на оваа пресметка, еден неочекуван дефокус направи менаџерот на актуелниот европски првак, Томас Тухел.

Германецот направи интервју за „СпортБилд“ и проговори за уште една голема трансфер желба која ја имале покрај Ромелу Лукаку уште во летниот преоден рок, односно го посочи името на неверојатниот Ерлинг Халанд кој запишува нестварни бројки како прв напаѓач на Борусија Дортмунд, клубот за кој работеше Тухел во минатото.

– Ќе ви кажам дека зборувавме за Ерлинг Халанд неколку пати, вклучувајќи го и периодот во летниот преоден рок. Сепак, тогаш изгледаше нереално и малку очекувано дека ќе направи трансфер.

– Зборуваме за него на регуларна база во клубот, тој е фантастичен играч и клучен во Дортмунд. Како ќе игра Халанд со Лукаку? Верувајте, можам да замислам таков напад, можам да зборувам за такво нешто во тимот.

– Не знам колку сериозно можеме да зборуваме за оваа тема, но да видиме како ќе се одвиваат работите во наредните недели и во текот на следниот преоден рок, – вели Тухел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни