Поврзете се со нас

Англија

Тухел презадоволен по победата над Сити испофали еден фудбалер: Го победивме најдобриот тим во Европа

Објавено

на

Стратегот на Челси, Томас Тухел донесе големи промени на „Стемфорд Бриџ“ откако го замени Френк Лампард на клупата.

Тухел досега има само еден пораз во Челси кој веќе неколку месеци игра навистина одличен фудбал. „Сините“ сосема заслужено стигнаа до полуфиналето од Лигата на шампионите, а вчера обезбедија пласман и во финалето од ФА Купот елиминирајќи го тимот на Манчестер Сити.

Тухел по крајот на натпреварот истакна дека е пресреќен поради победата, притоа упатувајќи пофални зборови за Хаким Зијеш кој беше стрелец на првиот гол на овој натпревар.

– Среќен сум и горд на нашиот настап. Заслуживме да победиме против најдобриот менаџер и еден од најдобрите тимови во Европа. Сакавме да одиграме храбро и тоа го направивме. Многу добро ја одигравме акцијата пред голот. Имавме уште неколку шанси, но задоволен сум со тоа што го покажаа момците.

– Хаким беше одличен против Ливерул и Атлетико Мадрид, но понекогаш имаме поинаков пристап со повеќе трчања, а тој е играч кој повеќе дрибла и додава. Одлуките никогаш не се лични, понекогаш избирам и поради карактеристиките на играчите. Зијеш сега ми покажа дека е подготвен за секаква улога и тоа ми  е најважна работа, -изјави Тухел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни