Поврзете се со нас

Англија

Тухел потврди уште еден позитивен играч и порача: Би бил многу лут ако правила не се исти за сите

Објавено

на

Менаџерот на Челси, Томас Тухел, не соопштил премногу добри вести во однос на својата екипа во пресрет на новото коло во англиската Премиер лига.

Покрај отсуството на неколку повредени играчи, во Челси излегол уште еден позитивен тест на ковид-19.

– Нема нови вести кои можам да ги толкувам како добри.

– Чалоба, Чилвел и Џејмс нема да играат поради повреди, а го загубивме и Кристенсен поради позитивен тест на ковид-19, рекол денеска Германецот.

Тој ги коментирал и шпекулациите дека лигата почесто одложува натпревари каде екипите имаат повредени играчи или претставници на Африканскиот куп на нации, отколку поради заразени со ковид.

– Се надевам дека тоа не е точно, во спротивно би бил многу лут. Ние направивме се што можеме за натпреварите да се играат и игравме и тогаш кога сметавме дека нема услови за игра. Затоа се надевам дека правилата се исти за себе, – изјавил Тухел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни