Поврзете се со нас

Германија

Тухел потврди дека Баерн нема да смета на еден стопер до крајот на годината

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Баерн Минхен утре ќе се соочи со ФК Копенхаген во ситуација кога веќе обезбеди пласман во нокаут фазата на Лигата на шампионите, а тренерот Томас Тухел денеска на средба со новинарите зборувал за повеќе теми поврзани со бундеслигашот.

Тренерот на германскиот првак потврдил дека состојбата на Матијс де Лихт е таква што холандскиот стопер ќе паузира уште најмалку еден месец.

– Мислам дека Де Лихт нема да се појави во тимот до крајот на годината, – објаснил кратко Тухел, потврдувајќи ги стравувањата на фановите.

Баерн сезонава често има проблеми со повредите на стоперите, па се појавија шпекулации дека клубот ќе се обиде да го доведе Рафаел Варан во јануарскиот преоден рок.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни