Поврзете се со нас

Германија

Тухел посочи добар пример за Баерн во Премиер лигата: Така треба да се распределуваат голови во еден тим

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Томас Тухел вршеше одлична работа во Челси и се чинеше дека е перфектен избор за клупата на „лондонските сини“, но така не мислеше и новиот сопствениот Тод Боли кој реши да му врачи отказ на Германецот уште во септември.

Газдата на Челси објасни дека го отпуштил Тухел поради различни гледишта за иднината на тимот, па иако оваа епизода е веќе зад тренерот на Баерн, сега самиот призна дека се уште ги следи случувањата во Премиер лигата.

Тухел има тежок старт на авантурата во Минхен и се обидува да ја одбрани титулата во Бундеслигата во завршните неколку рунди, а на денешниот прес пред натпреварот со Шалке 04 тренерот говорел за проблемот кој го има Баерн оваа сезона.

По заминувањето на Роберт Левандовски, Баерн едноставно нема фудбалер кој може да постигне над 30 гола во сезона, па Тухел смета дека тој и неговите фудбалери треба да се угледаат на еден добар пример во Премиер лигата, кој според него е Арсенал.

– Сите големи тимови во Европа, оние кои играат во завршницата во Лигата на шампионите, имаат „9-ка“ на кој ја потпираат својата игра. Секој сака да има „9-ка“ во својот тим, но сепак не се врти се околу еден играч.

– Погледнете го Арсенал, Арсенал е добар пример за тоа како се распределуваат голови меѓу неколку играчи. Тие се доволно долго заедно и знаат да играат тимски. Нас се уште ни недостасува време, бидејќи сигурен сум дека ако работиме подолго заедно, ќе создаваме шанси и без да имаме „9-ка“. Наша цел треба да биде да имаме неколку играчи кои постигнуваат околу 16 гола по сезона, – вели Тухел.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни