Лига на шампиони
Тухел посебно стравува од „здодевната“ ѕвезда на Јунајтед: Импресиониран сум од него

Манчестер Јунајтед и ПСЖ утре ќе одиграат натпревар кој може да има круцијално значење за конечниот распоред во групата Х, а свесен за тоа е и Томас Тухел кој пресметката на „Олд Трафорд“ ја окарактеризира како финале за неговиот тим.
ПСЖ загуби од „ѓаволите“ на домашен терен и утре мора да освои бодови за да остане во игра, нешто што секако нема да биде лесно против се порасположениот Манчестер Јунајтед предводен од Оле Гунар Солскјер. Германскиот стручњак на денешниот прес нагласи дека максимално го почитува англискиот великан, со тоа што напомена дека посебно стравува од Маркус Рашфорд кој беше крајно проблематичен за неговиот тим во меѓусебните пресметки.
– Последните два натперевар од Маркус против нас беа навистина здодевни во смисла на проблемите кои ни ги направи. Тој е млада личност која се однесува како возрасен на тернеот, но и надвор од него. Навистина сум многу импресиониран од него и со акцијата која ја презема за гладните луѓе во неговата земја.
– Го имав за противник три пати и секој пат сретнав одлична, понизна и смирена личност. Тој е предодреден да има огромно влијание во голем клуб како Јунајтед, – додаде Тухел и заврши.
– Натпреварот на „Олд Трафорд“ е како финале, немаме право да бараме изговори. Наше е да го покажеме најдоброто од себе, да победиме на теренот. Возможно е такво сценарио, иако пред нас имаме огромен предизвик. Ќе биде голема работа за нас да наметнеме контрола со поседот на топката.

- Англијапред 24 часа
Овен и Бербатов согласни: Ливерпул нема да го победи Јунајтед во дербито на колото во ПЛ
- Италијапред 21 час
Лацио го доби големото дерби, Ана го исполни ветувањето и се соблече гола (ФОТО)
- Англијапред 22 часа
Салах: Кој ќе ја освои титулата во Англија? Ситуацијата е…
- НБАпред 23 часа
Адетокумбо постави анти-рекорд, Лејкерс дојде до петтата победа во низа (ВИДЕО)
- Одбојкапред 18 часа
Одбојкарите повторно покажаа „спартанско срце“: Македонија ја надигра Турција и се пласираше на ново ЕП!
- Светски првенствапред 17 часа
Брестовац ја посочи главната причина за двата тешки порази од Шведска и Египет
- Светпред 18 часа
Дешамп: Тоа што го изјави Бензема е неприфатливо, никогаш нема да му простам!
- Светски првенствапред 16 часа
Лазаров по убедливиот пораз од Египет: Не очекував ваков резултат