Поврзете се со нас

Германија

Тухел по поразот во дербито: Направив грешка со него

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Баерн Минхен доживеа пораз во дерби пресметката со Борусија Дортмунд (2-0) и со тоа дополнително му ги отвори вратите на Баер Леверкузен кон титулата во Бундеслигата.

Баварците одново покажаа слабости кои противникот ги искористи и дојде до три важни бода во трката за место во Лигата на шампионите.

Ваквото издание на „Алијанц Арена“ одново донесе критики за тренерот Томас Тухел кој призна дека направил една грешка, а тоа е улогата на Џамал Мусиала како стартер со оглед на тоа што тој не бил доволно свеж по мечевите за својата селекција против Франција и Белгија.

-Почувствував дека Мусиала дека е многу, многу уморен кога се врати од репрезентацијата. Во ретроспектива си помислив во себе дали не би било подобро да го икористам само во последните 30 минути, -истакна Тухел.

Инаку Мусиала беше активен до 63 минута кога неговото место го зазема Серж Гнабри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни