Поврзете се со нас

Франција

Тухел по поразот од Лајпциг: Мене постојано ме менуваат…

Објавено

на

Тимот на Пари Сен Жермен загуби од РБ Лајпциг со 2-1 во дуелот во Лигата на шампионите со што се најде во негзодна позиција на средина на групната фаза.

„Светците“ имаат три бода по три кола што во моментов е доволно за трето место во групата Х, па тренерот Томас Тухел беше запрашан дали стравува за неговата работа, поточно дали може да биде заменет поради последните резултати.

Германецот пак одговори дека е мирен, спокоен, односно дека медиумите го менуваат од неговото доаѓање во Париз.

-Медимите во Франција секогаш го поставуваат тоа прашање, велат дека сум во опасност. Така е од моето доаѓање не знам зошто. Впечаток е дека печатот и околината се многу, многу критични, тоа е така како што е. Можеме да прифатиме дека тоа не ја менува мојата работа со тимот и персоналот. Тоа е животот на тренер во Париз, никогаш не е доволно. Не е проблем за мене. Постојат тешки фази во спортот.

-Нашите очекувања не се да победиме на секој меч, исто така знаеме каква состојба сме на секој натпревар. Денес можеше да победиме, можеше да биде и нерешено на истиот натпревар. Ако победиме [на 24 ноември против Лајпциг] на Паркот [на принцовите], ситуацијата ќе биде тотално спротивна, -порача Тухел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни