Поврзете се со нас

Германија

Тухел по големиот кикс на Баерн: Противникот шутна двапати и ни даде два гола

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/FCBayernEN

Баерн Минхен доживеа неочекувана елиминација во германскиот Куп, а тоа значеше и прв голем удар за новиот тренер Томас Тухел.

Баварците останаа без можност да се борат за еден од посакуваните трофеи, а разочараниот Тухел смета дека противникот имал многу среќа.

– Фрајбург постигна два гола од два удара кон нашиот гол.

– Не се сеќавам дека противникот имаше други шанси на овој дуел, додека ние пропуштивме многу шанси.

– Не успеавме да постигнеме втор гол, шансата на Милер за такво нешто беше најдобра, а на крајот доживеавме големо разочарување.

– Стручниот штаб е нов, но ја презема одговорноста за резултатот и ќе анализираме каде грешевме, – изјавил Тухел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни