Англија
Тухел откри дека конечно го купил играчот кој го следел со години: Тој ми беше топ приоритет

Челси денеска го потврди Марк Кукуреља како трето големо засилување за наредната сезона, но интересно, на пресот кој го водеше Томас Тухел во истиот момент, германскиот стручњак најмногу говореше за едно од првите две.
Калиду Кулубали пристигна како големо засилување во одбраната и Тухел веќе во неколку наврати јавно го фалеше Сенегалецот, за кого сега вели дека го следел неколку сезони заедно со својот стручен штаб.
Кулибали дојде во Челси како директна замена за Антонио Ридигер, а Тухел е сигурен дека во Калиду добил гаранција за цврста игра во одбраната пред голот на Менди.
– Ќе ви откријам нешто, го следев Кулибали со години, јас и мојот стручен штаб. Го следиме доста долго и се обидовме да го донесеме во повеќе наврати, но никогаш немавме успех. Тоа беше така бидејќи многу е тешко да извадите играчи од Наполи, да купите играч од тој клуб.
– Познати се како тешки преговарачи, но сега конечно успеавме. Добивме лидер, добив многу добри информации за него од Жоржињо и Менди. Тој е лидер и во соблекувалната, максимално е смирен и вистински пример за останатите. Кога ги анализирате неговите натпревари, гледате колку квалитетни се позиционира, се забележува добриот тајминг и движењето на вистинско место. Ги користи двете нозе, самоуверен е во тоа што го прави и тој беше наш вистински приоритет ова лето. Многу сум среќен што го имам сега тука, – вели Тухел.
-
Формула 1пред 12 часа
Нови ветришта: Уредот кој му донесе шест титули на Хамилтон ќе биде повлечен од Формула 1
-
Шпанијапред 13 часа
Димитриевски се најде во тимот на колото во најквалитетните лиги во Европа (ФОТО)
-
Англијапред 12 часа
Илон Маск твитна дека го купува Јунајтед, па се повлече: Ова беше…
-
Англијапред 13 часа
Барселона го одредила буџетот за трансферот на Силва
-
Англијапред 15 часа
Илон Маск твитна дека го купува Манчестер Јунајтед
-
Светпред 23 часа
Батистута: Долго време правевме штета, Меси не е Исус Христос!
-
Шпанијапред 24 часа
Барселона се впушти во акција за дефанзивец на Вилјареал, „жолтата подморница“ експресно ги „поздрави“ каталонците
-
Англијапред 6 часа
„Марка“: Каземиро размислува за атрактивната понуда која ја добил