Англија
Тухел откри дека добил „корпа“ од најголемата ѕвезда на Манчестер Јунајтед: Сериозно го сакав во мојот тим

Челси и Манчестер Јунајтед ќе се соочат во денешниот дерби натпревар кој ќе се одигра на „Стемфорд Бриџ“. Овој натпревар ќе привлече најголемо внимание затоа што истиот ќе покаже до каде е напредокот на „сините“ под водство на Тухел, како и дали Манчестер Јунајтед може со победа дополнително да се одлепи на втората позиција и речиси да си го завери пласманот во Лигата на шампионите за следната сезона.
Пред меѓусебната средба, Тухел имаше само пофални зборови за фудбалерите на Манчестер Јунајтед, а посебно го издвои Бруно Фернандеш кој е движечката сила на „ѓаволите“.
Тухел призна дека го посакувал португалскиот ас во редовите на ПСЖ, но никогаш не успеал ниту да му се доближи, а камоли да го ангажира.
– Мојот прв спортски директор во Парис, Антеро Енрике беше португалски спортски директор и го знаеше Бруно многу добро. Се боревме да стигнеме во контакт со него и да го донесеме во нашиот тим. Свесен бев за неговите квалитети, но потоа гледавме уште повеќе натпревари, го следев и се обидов да стапам во контакт со него за да го ангажирам.
– Сепак, како што е познато, тој одлучи да потпише за Манчестер Јунајтед, а јас никогаш не добив можност лично да стапам во контакт со него. Се обидовме, но тој избра поинаков пат. Лошо е за нас како тим што мора да се соочиме со него, -изјави Томас Тухел.

- Англијапред 22 часа
Летна и првата глава по неуспехот на Супер лигата, навивачите на Манчестер Јунајтед во транс
- Англијапред 23 часа
Позната причината поради која Даниел Леви го отпуштил Жозе Мурињо
- Светпред 22 часа
Европската лига се распадна како кула од карти по само два дена: Вечерва клучен состанок за откажување
- Англијапред 21 час
Сунес со остар коментар: Девет месеци имаа состаноци со другите директори, Вудвард е само почетокот (Видео)
- Англијапред 24 часа
Фудбалерите го креваат гласот: Хендерсон ќе ги собере сите капитени и ќе ги обедини против Супер лигата
- Италијапред 21 час
Италијанските новинари едногласни за статусот на Ањели во Јувентус
- Лига на шампионипред 21 час
Перез за „Лекип“: Не сме загрижени, ќе го реализираме проектот Супер лига
- Англијапред 19 часа
Официјално: Сите англиски клубови се повлекуваат од Супер лигата