Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Тухел објасни зошто стилот кој го негува Аталанта е уникатен во фудбалот

Објавено

на

Томас Тухел со сите мисли е насочен кон она што следи во Лигата на шампионите, односно четвртфиналниот дуел против Аталанта на кој ПСЖ ќе ја има улогата на апсолутен фаворит.

Сепак, ваквиот статус не предизвикува никакво посебно влијание кај германскиот стручњак, кој пак има само еден куп пофалби за ривалот во најелитното натпреварување на стариот континент.

Аталанта е најголемото изненадување на завршниот турнир заедно со Лајпциг, а иако немаат никакво искуство во ваква фаза од натпреварувањето, Тухел смета дека Аталанта е уникатна и ќе претставува сериозна закана за неговиот силен тим.

– Добрата игра во одбрана ќе биде многу важно против Аталанта. Тие имаат комплетно уникатен стил, напаѓаат со сите играчи, постојано ја движат топката напред и вршат пресинг кога противникот ја има топката. Нивната „10-ка“, Папу Гомез е секогаш подготвен за следниот чекор.

– Мора да бидеме многу фокусирани во одбрана, но знаеме дека ќе биде многу тешко да останеме со „чиста“ мрежа против Аталанта. Тоа значи дека ќе мора да бидеме ефикасни на другата страна, – изјави Тухел за „БеИн Спортс“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни