Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Тухел објасни зошто Нејмар е лидер: Тој е играч…

Објавено

на

Пари Сен Жермен вечерва игра со РБ Лајпциг во првото полуфинале во Лигата на шампионите, средба чиј исход може многу да зависи од настапот, играта на Нејмар.

Бразилецот на претходната средба беше одлучувачки, направи разлика и им овозможи на „светците“ да ја минат Аталанта и дојдат до прво полуфинале по натпреварувачката 1994/95. Тренерот Томас Тухел очекува уште една нова добра партија од Нејмар, играч кој според него е лидер кој тоа го покажува со своите акции, постапки на теренот.

-Нејмар е лидер, различен тип на лидер кој тоа го покажува преку неговиот квалитет, самодоверба и храброст на теренот. Тој не може сам да победи, тоа не е можно. Тој е фудбалер кој секогаш сака да победува, гладен е и има можност да се бори за тоа, -рече Тухел кој даде и краток коментар за престојната битка со „биковите“.

-Ќе биде многу, многу физички натпревар. Тие се многу агресивни и храбри. Сепак за нас ова не е историски настан, ова е само полуфинале и ние сме тука за да победиме, ќе се бориме, -порача Германецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни